Одлуката на Пендаровски е донесена под политичко влијание, претседателот не се консултирал со МВР за ситуацијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mинистерот за внатрешни работи Наќе Чулев реагира зошто претседателот Стево Пендаровски пред да одлучи дека нема да прогласи нова вонредна состојба не се консултирал и со него, како што се консултирал со Венко Филипче, бидејќи тој раководи со МВР кое во голем дел е вклучено во справувањето со корона вирусот. Според Чулев ваквата одлука е донесена под политичко влијание.

– Носењето на одлуката за непродолжување на вонредната состојба без да се консултираат најважните институции во државата отвора кај мене сомнеж дека одлуката е донесена повеќе врз основа на политичко влијание, а многу помалку врз основа на стручното мислење и реалните аргументи со кои располагаат институциите, стручни аргументи кои до сега беа тема на дискусија на седниците на Советот за безбедност. Факт е дека бројот на заразени од коронавирусот изминатите неколку денови е голем и истиот треба да биде причина за многу посериозен пристап, не само при носењето на оваа важна одлука, туку и при постапувањето на сите институции кои имаат одговорност во овој процес, пишува Чулев.
Министерот потенцира дека позиција на Пендаровски не дозволува одлуките кои се носат да бидат донесени без консултација со сите релевантни фактори, а уште помалку доколку во прашање е здравјето на граѓаните.

– Пендаровски во одговорот на новинарските прашања истакна дека при донесувањето на одлуката се консултирал единствено со Министерот за здравство, но веројатно не чувствувал потреба да се консултира и со Министерот за внатрешни работи од истата Влада, кој раководи со институцијата која во голем дел е вклучена и има одговорност за справување со коронавирусот, пишува Чулев.
Министерот за внатрешни истакнува дека во дел од изјавата индиректно бил обвинет за непостапување на Министерството за внатрешни работи и смета дека овие обвинувања се паушални и неосновани и истите се темелат единствено на изјави на одредени политичари од власта, а не на постапувањето на полициските службеници и бројот на констатирани прекршоци од страна на МВР за што говори и бројот на поднесоци до надлежните институции.

Чулев потенцира дека на државата и се потребни функционални институции кои ќе ја вршат својата работа, но вели, „здравјето на граѓаните е пред се и тоа треба да биде врвен приоритет за сите нас“. Во таа насока тој апелира до сите политички чинители да бидат максимално одговорни при носењето на сите важни одлуки за државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This