дома Македонија ОДМЕТНАТИТЕ ПРАТЕНИЦИ ЌЕ ГЛАСАЛЕ „ВОЗДРЖАНО“: Осумтемина пратеници ќе гласале „воздржано“ за три...

ОДМЕТНАТИТЕ ПРАТЕНИЦИ ЌЕ ГЛАСАЛЕ „ВОЗДРЖАНО“: Осумтемина пратеници ќе гласале „воздржано“ за три уставни амадмани

Пратениците од опозицијата кои го овозможија отворањето на Уставот ќе гласаат воздржано за трите амандмани на Владата, најави на денешната собраниска седница пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.

 

-Ние осум пратеници кои овозможивме отворање на Уставот со цел интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, ќе гласаме воздржано во поглед на треите амандмани со цел да оставиме простор за јавна дебата за предлози. Потврда дека сите треба да се вклучат во овој процес е прифаќање на нашиот амандман со кој се гарантира македонскиот идентитет – рече Рамчиловиќ за четвртиот амандман и ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат овој амандман.

-Нашиот воздржан глас за трите амандмани е и потсетување дека процесот на уставните измени е врзан со процесот на простување и помирување. Со нашиот глас за отворање на Уставот се отвори дебата во која учестуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со што потврдија дека е потребна дебата – додаде тој.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побараа, овие пратеници кои беа исклучени од членство на партијата да не го употребуваат името на партијата и да се условуваат со називот „независни пратеници“.

Во јавноста, оваа група на пратеници одметнати од ВМРО-ДПМНЕ го добија надимакот „група Кожувчанка“.