дома Политика Од бaндит вoдaч не бидyвa, Заев се пpeпoтyвa затоа што и неговите...

Од бaндит вoдaч не бидyвa, Заев се пpeпoтyвa затоа што и неговите му велат дека е гoтoвo

СДСМ пишманска! Трети ден во јавноста пуштаат соопштение дека имаат мнозинство, трет ден само што не ги спремиле звучниците на најјако со песната ,,Зоки Зоране, Струмица е со тебе, дар од Бога за земја своја” веројатно со точно пресметан периметар звукот да допатува и до маалата во Струмица како благодарност на Вице и оддавање признание на бандитскиот факт дека тоа што не може со пари, може со многу пари.

Ова го напиша синоќа на својот Фејсбук профил Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Слушам, сменета е и водата за нова забава во викендицата на Заеви во Грчка.

Арно ама, повторно рикверц. Немало договор.

Нема договор – нема власт.

Три саати им траеше последното соопштение на СДСМ дека има договор, велат приближно кусо на времето потребно Заев да ги менува ставовите за најважните прашања.

СДСМ се пишмани, нема договор.

Некои велат дека Заев не може да го преџвака фактот што некои важни фактори бараат тој да не биде премиер затоа што веќе е прочитана книга, а и од бандит водач не бидува.

Човекот се препотува не толку затоа што и нему му е јасно дека е крај, туку затоа што и неговите од внатре му велат дека е готово.

Се читаме, до наредното соопштение на СДСМ пишманска“-порача тој.