дома Балкан Од вечepва Cpбиja „ce затвopa“

Од вечepва Cpбиja „ce затвopa“

Од утре, до понеделник, Србија „се затвора“ како дел од мерките на Кризниот штаб за борба против пандемијата.

Од вечерва во 20 часот се затвораат сите кафулиња, ресторани, спортски сали, трговски центри, кина, музеи, галерии, салони за убавина и фризери, салони за убавина,обложувалници, казина, детски игротеки, спортски сали, спортски сали, фитнес центри, базени …

Но ќе работат продавниците за храна, бензинските пумпи и аптеките, банките и производствените капацитети.

Нема полициски час, изјави премиерката Ана, Ана Брнабиќ, а „дали ќе има продолжување во понеделник зависи повторно од сите нас. Апелирам за максимална дисциплина и разбирање на состојбите во нашиот здравствен сектор“, изјави Брнабиќ.

„Ова е компромисно решение, можете да видите дека разговаравме долго време и енергично. Се обидовме да комбинираме три работи: здравствениот систем, економијата и менталното здравје на луѓето“, рече Брнабиќ спортед која здравствените власти инсистирале на 14 дневен карантин.