Од денеска во Тетово вакцинација против Ковид-19 само во Здравствениот дом

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денеска вакцинацијата против Ковид 19 ќе се одвива само во Здравствен дом Тетово, додека пунктот во Центарот за култура веќе нема да работи, информираат од јавната здравствена установа Здравствен дом Тетово. Фоајето на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ се користеше како вакцинален пункт од почетокот на септември.

-Во пунктот во Здравствен дом Тетово ќе се одвива аплицирање на прва доза, ревакцинација и трета доза, информира Борислав Јоргаќиески, директор на ЈЗУ Здравствен дом Тетово.

На овој начин завршува речиси седуммесечен период на масовна имунизација во големи објекти надвор од здравствениот дом. Првите дози на вакцини беа дадени во пунктот во Здравствен дом во текот на април, додека од 4 мај започна масовна имунизација во спортската сала на медицинското училиште. Во почетокот на септември, спортската сала престана да се користи, а како вакцинални пунктови почнаа да се користат покрај Центарот за култура и поранешниот Дом на Армијата, простории на ЕЛЕМ турс Жичара Тетово-Попова Шапка и амбулантите во неколку села.

Според податоците на ЈЗУ Здравствен дом дневно сега се аплицираат до 300 дози прва, втора или трета вакцина, додека процентот на имунизирано население на подрачјето на Тетово и околината надминува 55 отсто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This