дома Економија Од денеска минималната плата е 14.500 денари

Од денеска минималната плата е 14.500 денари

Законски утврдената мининална плата која од денеска треба да ја исплаќаат работодавачите е 14.500 денари. Во следниот период, УЈП очекуваат граѓаните да пријавуваат ако се соочат со злоупотреби при исплаќање на минималецот. Тие пријави ќе се доставуваат до Трудовиот инспекторат кој на терен треба да проверуваат дали се почитува законот.

До УЈП и претходно и сега претпоставувам со поголем интензитет, ќе стигнуваат анонимни пријави или пријави каде се имаат потпишано работници кои се судруваат со ваков проблем. Тие пријави ние ги доставуваме на понатамошно постапување до Трудовиот инспекторат, ние постапуваме во нашиот дел во даночната област, но Трудовиот инспекторат треба да утврди на лице место дали има какви било злоупотреби. Очекувам дека во наредниот период ќе имаме повеќе консултации и со трудовиот инспекторат се со цел работниците да ги остваруваат своите загарантирани права“-изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП.