дома Македонија Од денеска судckaта такса ќе ги чини граѓаните најмногу 6000 денари

Од денеска судckaта такса ќе ги чини граѓаните најмногу 6000 денари

Стапува на сила новото законско решение со кое ако порано таксите доаѓаа до сума од 48 илјади денари од денеска граѓаните што тужат ќе платат најмногу 6000 денари. Судските такси се значително намалени од денеск, правдата ќе биде подостапна за сите, смета министерот за правда според кого граѓаните често се откажувале од судска заштита на своите права, поради високите судски такси. Тој очекува намалувањето на на овие трошоци да биде во интерес на адовкатите и вештаците бидјеки граѓаните ќе бидат охрабрени по судски пат стигаат до правдата. Маричиќ и преку примери го презентираше намалувањето на судските такси.

– На пример, ако тужите осигурителна компанија за надомест на штета во вредност три милиони денари. Судската такса која треба да ја платите е 2% од вредноста на спорот. Во овој случај граѓанинот ќе требаше да го даде максималниот износ од 48 000 денари. Сега според донесениот измени, давачката ќе биде 6 000 денари. Доколу е потребно да ја истерате правдината до крај и да го искористите сите редовни и вонредни правни лекови, по старата тарифа ќе платевте вкупно 288 000 денари судски такси односно 2% за тужба, 2% за одлука, за жалба 4% и за ревизија 4%. По новата судска такса, за ова најмногу може да потрошите вкупно 36 000 денари или 252 000 помалку ако се жалите, изјави министерот Маричиќ.