дома Македонија ОД ДИК ДЕЦИДHИ: Од датум до избори потребни 50-60 дена

ОД ДИК ДЕЦИДHИ: Од датум до избори потребни 50-60 дена

Идејата на некои од политичките парти за избори во јуни се коси со проценката на првиот човек на ДИК, Оливер Дерковски. Тој смета дека по одредувањето на новиот датум за избори, процесот треба да почне од нула, со почитување на сите рокови предвидени со Изборниот законик. Според Дерковски, еден нормален изборен процес трае меѓу 50 и 60 дена.

Деркоски додава дека за прочистување на избирачкиот список потребни се 25 до 27 дена. Освен повторување на постапката за јавно разгледување на списокот, Деркоски вели дека треба да се обезбеди правото на глас и на лицата кои ќе полнат 18 години до денот на изборите. Ако тоа не се случи и не им се дава еднаквото право на сите страни во процесот, тогаш може да го оспори било кој.

Уредбата со која Владата го суспендираше изборниот процес предвидува продолжување на активностите таму каде што биле. Тоа значи дека ДИК нема да има повеќе од 21 дена за организирање на целиот процес.