дома Свет ОД ЗАСЕДА: Убиен близок соработник на Сулејмани

ОД ЗАСЕДА: Убиен близок соработник на Сулејмани

Маскирани вооружени напаѓачи денес од заседа го убиле локалниот командант на паравоените безбедносни сили во југозападен Иран, близок соработник на Касем Сулејмани, ирански генерал кој неодамна беше убиен во напад на беспилотни летала во Багдад.

Убиениот командант, Абдолхосеин Модаџами, ги предводеше силите на Басиџ, паравоено крило на Револуционерната гарда, задолжено за внатрешна безбедност и други задачи.

Тој бил застрелан пред неговата куќа во провинцијата Кузастан.

Двајца вооружени со пушки го убиле Модаџами од заседа. Други ирански медиуми објавија дека напаѓачите носеле маски и дека биле истрелани четири куршуми. Истрагата за случајот е во тек и мотивот за нападот сè уште не е јасен.