дома Свет ОД КАЛ ДА Е ОРБАН ДА Е: Лудовик Орбан е новиот премиер...

ОД КАЛ ДА Е ОРБАН ДА Е: Лудовик Орбан е новиот премиер на Романија

Романските пратеници минатата недела ја соборија владата на премиерката Виорика Данчила, отворајќи го патот за формирање преодна влада до парламентарните избори, кон крајот на 2020 година.

„Ја запревме Социјалдемократската партија да не ѝ наштети на Романија“, рече Лудовик Орбан, лидер на опозициската Либерална партија, која го предводеше гласањето за недоверба.

238 пратеници гласале за соборување на владата, а им биле потребни 233 гласови, пренесе Ројтерс.

Денес претседателот на Романија го назначи Лудовик Орбан за нов премиер откако на примерката Виорика Данчила и беше изгласана недоверба.