дома Македонија ОД КОГО СЕ ПЛАШИ ВЛАСТА: Стотици полицајци го чуваа судот

ОД КОГО СЕ ПЛАШИ ВЛАСТА: Стотици полицајци го чуваа судот

На денешното судење за случајот 27 април, власта го покажа стравот од народот со оглед на тоа што стотици полицајци го обезбедуваа судењето. Пред судот беа забележани над 300 припадници на униформираната полиција, а можеше да се забележат уште толку припадници на Единицата за брзо распоредување како и полицајци во цивилка.

 

Прашањето останува од кого се плаши власта, дали е толкав стравот од сопствениот голорак народ? Дали можеби се плаши поради фактот што сите оние предупредувања и причини поради кои се одвиваа протестите за Заеедничка Македонија сега стануваат реалност и официјална политика на владата на СДСМ? Да потсетиме дека целта на протестите на Заедничка Македонија беше зачувување на македонскиот идентитет, име, јазик и историја, а граѓаните протестираа и против воведување на двојазичноста на целата територија на Република Македонија.