дома Политика ОД КОЛ НА КОЛ, ТРЕТИОТ ВО…: Сашо Василевски – „Падобранец“ предизвика жестоки...

ОД КОЛ НА КОЛ, ТРЕТИОТ ВО…: Сашо Василевски – „Падобранец“ предизвика жестоки реакции кај членовите на СДС!

P

По изборот на ресенчанецот Сашо Василевски од Ресен за директор на државната компанија МЕПСО настана голем револт и незадоволство помеѓу членовите на ОО СДСМ Ресен – пренесува порталот Денешен.мк

P

Ресенчани се револтирани до максимум од кадровските решенија и награди кои ги доделува СДСМ, конкретно особено гневни затоа што Василевски во неколку наврати прави трансфер од партија во партија, само за да биде на позиција. Сега, велат ресенчани, тотално незаслулжено, Василевски благодетите сега ќе ги почувствува на сметка на 400 000 гласачи на СДСМ на последите парламентарни избори. Членовите на СДСМ од Ресен се закануваат со бојкот на локалните избори на 15 Октомври и ги фрлаат своите партиски книшки на СДСМ.

Имено, Сашо Василевски бил заменик министер во Министерството за правда од 2006 до 2008 година. Од 2008 до 2010 година бил член во Комисијата за полагање на правосуден испит. Тој работел и како адвокат во Ресен, а од 2011 до 2015 година по предлог на ВМРО-ДПМНЕ е избран за член на Советот на јавните обвинители.

Василевски бил долгогодишен член на СДСМ се до 2006 година кога преминува во НСДП, а подоцна и во ВМРО-ДПМНЕ. Во 2009 година настапува како кандидат за градоначалник од НСДП во Ресен, а во вториот круг гласовите ги дава на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве дел од реакциите на револтираните членови на СДСМ од Ресен.