дома Социјални Мрежи ОД КОМПЈУТЕР ДО ДРВО ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ: Што е следно, јаже за...

ОД КОМПЈУТЕР ДО ДРВО ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ: Што е следно, јаже за секој родител?

Не запираат реакциите по најавата за проектот за „персонализирано дрво“ за секое новородено дете во Скопје, кој вчера го соопшти градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов

Реагираше и новинарот и екс-уредник на дневниот весник „Дневник“ Дарко Јаневски кој на својот профил запраша која следна небулоза ќе се промовира како проект.

„Едно време беше книга за секое дете. После дојде време на компјутер за секое дете. Е, сега е време на дрво за секое дете. Кај и да е, следно може да биде јаже за секој родител“ – прашува Јаневски.