дома Македонија Од кopoна во Македонија умиpaaт повеќе луѓе на ден од Втopaта светска...

Од кopoна во Македонија умиpaaт повеќе луѓе на ден од Втopaта светска вojна

Баталете ги дневно политичките мешетарења Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

“Излезете надвор од стаклената кутија што самите ја создавате, излезете надвор и чујте го плачот на народот. Прекинете со парадерските прес конференции и решавајте проблеми“, повика Мицкоски.
Тој додава дека денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. Мицкоски појаснува дека за 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно.

„Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно. Па имате ли совест, знаете ли што и правите на земјата. Дајте си оставка и не правете ништо, сигурно така повеќе луѓе ќе се спасат”, напиша Мицкоски на Фејсбук.