дома Занимливости Од неа ја нacледила убавината и младешкиот изглед: Водителката Елена Стојановска ги...

Од неа ја нacледила убавината и младешкиот изглед: Водителката Елена Стојановска ги покажа родителите

ТВ водителката Елена Стојановска и е добро позната на македонската публика, нејзиното прекрасно лице го разубавува денот на многумина Македонци во утринската емисија на Сител, која таа ја води, но поради нејзината убавина и пред се за младешкиот изглед често ги полни и магазините.

Оние што ја запознале непоследно ќе кажат дека Елена е истата онаа ведра, позитивна и насмеана дама која ја гледате и на телевизија, а ништо помалку поубава не е ниту во живо.

Она што плени кај неа е нејзината позитивна енергија, професионалноста но и отвореноста со јавноста и публиката. Обожавателите на Елена можат да дознаат нешто повеќе за нејзината приватност од социјалните мрежи каде се почесто објавува детали од својот живот надвор од студиото.

Па така, овој пат ги покажа своите родители додека се на заедничка кафе-сокче средба со неа и внуката Илина.

Мама Стојна и тато Илија направија еден заеднички фото спомен за на Инстаграм.

Од приложеното може да се види дека Еленче убавината ја наследила од мајка си за која во една прилка кажа дека е нејзината инспирација во животот.

Инаку, Елена Стојановска има помала сестра Катерина со која се разлика само една година.