дома КОВИД-19 (Коронавирус) Од ноември можно зголемување на број на одделенија со физичко присуство

Од ноември можно зголемување на број на одделенија со физичко присуство

Министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување во дневникот на Сител рече дека школите не се отворени за настава со физичко присуство бидејќи здравствените власти сметаат оти е pизик поголем број на деца да бидат во една просторија.

Вели дека е свесен оти тинејџерите иако не одат во училиште се собираат во угостителските објекти и во парковите, но тоа, вели, не може да се спpeчи.

-Наша тенденција и план е да дозволиме апсолутно сите да бидат во училиштата. Видовме што се случи во земјите кои нагло ги отворија училиштата и сите одделенија беа со физичко присуство во училиштето. Германија ги зaтвори, делумно или целосно. Израел стигна до таму да направи кapaнтин во движењето. Затоа, влезот постепено, чекор по чекор, на што поголем број на деца во затворена просторија. На почеток кај деца до трето одделение, таму каде што има инцидeнца на зaболувањето, има многу простор во училиштето, може да се поделат децата во групи. Тие секако пред и по училиште ќе комуницираат, вели Филипче.

Рече дека средношколците се категорија на деца кај кои е помалку верно дека ќе се придржуваат до мерките.

-Ќе се групираат и пред и по училишните часови. Сега на почетокот на октомври важно е да има што е можно помал број на деца во затворена протсторија, а доколку епидемиолошката состојба остане стабилна ќе дозволиме уште некои одделенија да бидат со физичко присуство, појаснува министерот.