дома Европа Од нoќecкa нoви пpaвилa: Австрија зa влeз вo зeмjaтa вoвeдe 10 днeвeн...

Од нoќecкa нoви пpaвилa: Австрија зa влeз вo зeмjaтa вoвeдe 10 днeвeн кapaнтин

Во Австрија на полноќ стапи на сила построгиот режим за влез во земјата.

Секој што влегува во Австрија од денес ќе мора да влезе во десетдневен карантин, кој може да се прекине најрано по петдневна изолација, ако направи ПЦР на свој трошок и тоа да биде негативен!

Луѓето кои редовно доаѓаат во земјата за на работа можат да влезат во Австрија без ограничувања, а меѓу нив и старатели, потоа луѓе кои доаѓаат на семејна посета најмалку еднаш месечно, лица кои добиле судска покана!

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер ги советува сите да имаат комплетиран формулар за карантин пред да ја преминат границата и наведува дека 2.000 војници ќе им помогнат на голем број полицајци само на австриската граница со Унгарија и Словенија.