дома Занимливости ОД ОВА СЕ ПЛАШИ РЕЧИСИ СЕКОЈ: На Тамара и се случи непријатна...

ОД ОВА СЕ ПЛАШИ РЕЧИСИ СЕКОЈ: На Тамара и се случи непријатна незгода

Летниот период знае да биде многу убав, но и напорен поради инсектите кои напаѓаат од сите страни, особено комарците.

Македонската поп-ѕвезда Тамара Тодевска во мај годинава откри дека по вторпат ќе стане мајка, конечно го откри и името кое со својот сопруг Александар Димитровски го планираат за нивното второ дете.

– Синот најверојатно ќе се вика Дарен – откри Тамара за „1ТВ“.

Како што вели таа досега помина безгрижна бременост и се чувствува одлично.

Советите на лекарите се такви дека особено трудниците треба да внимаваат во лето, што од храната, што од топлините, а Тамара си нема мака од тоа, туку и се случи она што скоро секој се плаши и гледа да го избегне.

Имено, деновиве пејачката на својот Инстаграм објави дека доживеала една непријатна незгодна, односно ја каснало оса. Резултатот од тоа беше нејзината потечена рака која изгледа изобличено од убодот.

-Кога ќе ти се изобличи раката од една оса, напиша тамара во описот на фотрографијата која ја дополни со една иконка од човече кое плаче.

Некои непријатности некогаш едноставно е невозможно да се избегнат.

Извор: Вистина.мк