дома Актуелно ОД ПАЛОМА БЈАНКА ДО ГРАДСКА БОЛНИЦА: Се зголемува бројката на народ на...

ОД ПАЛОМА БЈАНКА ДО ГРАДСКА БОЛНИЦА: Се зголемува бројката на народ на улиците на Скопје – преку 100.000 го изразија незадоволството!

Цело Скопје вечерва се крена на нозе за заштита на унитарниот карактер на Македонија, давајќи поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Над 100.000 граѓани ги преполнија скопските улици, од Градската Болница до Палома Бјанка.

Со Македонски знамиња, песни и транспаренти, граѓаните на најголемиот протест досега испратија порака дека нема да дозволат разнебитување на Македонија.

На протестот се обрати Богдан Илиевски, член на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кој посочи дека е време еврокомесарот Хан да ги дознае аргументите и причините поради кои македонскиот народ протестира повеќе од 20 дена.