дома Економија Од полноќ поскапуваат горивата

Од полноќ поскапуваат горивата

Ноќеска на полноќ ќе возиме со поскапи горива за половина, односно за еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за половина денар, и еден литар 98-октански бензин од вечерва на полноќ ќе чини 69.50 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за по еден денар. Тоа значи дека 95-октанскиот бензин ќе чини 67.50 денари, додека дизелот ќе чини 62.50 денари.

За еден денар се зголемува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), и сега ќе изнесува 52,50 ден/лит.