дома Македонија Од притвop: Катица Јанева конечно поднела анкетен лист до Антикopyпциската комисија

Од притвop: Катица Јанева конечно поднела анкетен лист до Антикopyпциската комисија

И Катица Јанева, поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, конечно доставила анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција по престанокот на функцијата. Тоа го сторила најверојатно преку посредници од семејството или ангажираните адвокати по излегувањето од притвор и одредувањето мерка куќен притвор како третоосомничена во аферата „Рекет“.

Непочитувањето на законскиот рок од 30 дена член на нејзиното потесно семејство, кое било во ДКСК, го образложило со околностите во кои се наоѓаше Јанева, односно престојот во Истражниот затвор Скопје во Шутка.