дома Македонија ОД РУБРИКАТА ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Министерот вели дека платите на специјалистите стигнаа...

ОД РУБРИКАТА ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Министерот вели дека платите на специјалистите стигнаа околу 100.000 денари

Значајна сума на пари се оддели за зголемување на платите на лекарите во Македонија. Значајно се зголеми и сумата на пари кои ги земаат лекарите и сестрите за дежурства и ноќни смени. Еве веќе има лекари каде што заедно со дежурствата платата им е стигната до 100.000 денари, рече Филипче.

Не е секогаш платата единствената причина за да ги заддржиме лекарите, туку и условите за работа.

– Огромна сума на пари досега се одлеваше за странство, минатите години дури 50 милиони евра се одлеани во странските болници, замислете како би изгледале нашите болници со тие пари, доколку тие би се вложиле таму, рече Филипче, најавувајќи дека ќе се прошируваат услугите на македонските болници за интервенции кои досега се правеле во странство, во иднина ќе има услови и во нашата земја.

Филипче најави дека се враќаат доктори од странство во нашата земја.

До декември се најавува зголемување на платата на околу 100.000 денари просечно нето принос за сите специјалисти.