дома Македонија ОД РУБРИКАТА ГЛУМИМЕ СКРОМНОСТ: Нашиот лирџет во дeфeкт, бугарскиот е зафатен, па...

ОД РУБРИКАТА ГЛУМИМЕ СКРОМНОСТ: Нашиот лирџет во дeфeкт, бугарскиот е зафатен, па да поглумиме малку скромност

Премиерот Зоран Заев, по стапките на новоизбраниот претседател на државата Стево Пендаровски беше фотографиран меѓу патниците на комерцијалниот лет Виена – Скопје.

Премиерот Заев вчера во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан која не помина според очекувањата на Заев, кој очајнички се обидуваше да изнуди датум за преговори со ЕУ.

Откако ова не му појде од рака, Заев се сликаше во економската класа како полетува од Виена за Скопје, обидувајќи се да демонстрира скромност. И сето тоа би било во ред доколку не знаевме дека владиниот лирџет е во дефект повеќе од половина година, а „добриот сосед“ Борисов кој често му го позајмува неговиот авион овој пат мораше да патува по сопствена агенда.

Стево Пендаровски неодамна го започна својот претседателски мандат со патување со редовна авионска линија за Брисел, а тогаш всушност дознавме дека владиниот авион е расипан.