дома Временска Прогноза Од сабота температури над 35 степени

Од сабота температури над 35 степени

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 32 степена.

Следува период на стабилно време. До сабота дневните температури ќе бидат најмногу до 35 степени, а потоа брзо ќе се покачуваат.