дома Македонија ОД СКОПЈЕ ДО ШТИП ЗА ПОЛОВИНА ЧАС: Новиот автопат Миладиновци – Штип,...

ОД СКОПЈЕ ДО ШТИП ЗА ПОЛОВИНА ЧАС: Новиот автопат Миладиновци – Штип, прв во источниот дел на државата, денеска е пуштен во употреба

Новиот автопат Миладиновци – Штип, прв во источниот дел на државата, денеска е пуштен во употреба. Инвестицијата во автопатската делница, долга 47 километри, изнесува над 200 милиони евра. Со новото автопатско решение времето за патување од Скопје до Штип се намалува за половина час.

Од Министерството за транспорт и врски апелираат до корисниците да се почитува поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

Автопатот е широк 27,4 метри, има четири ленти од 3,75 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри. Проектираната брзина е 130 километри на час. По должината на автопатот има седум клучки. Делницата почнува после клучката Миладиновци, која има девет нови крака, долга е 1,5 километри и се спојува со коридорите 8 и 10. Последната клучка на автопатот е „Три чешми“, каде ќе има спојување со новиот експресен пат во изградба Штип-Кочани.