ОД УТРЕ “БУШАВА АЗБУКА” ДВА ПАТИ ДНЕВНО: МТВ сака да им го пополни времето на yчeниците кои поради Koрона вируcoт не се во училиштe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Бушава азбука“ на драматургот Горан Стефановски и режисерот Слободан Унковски репризно ќе биде емитувана на Македонската телевизија, со цел да им го пополни времето на децата кои не се на училиште додека траат мерките на Влaдaта за заштита од kopона виpyсот.

 

 

 

 

Веста за репризите на „Бушава азбука“ ја соопшти на Фејсбук режисерот Унковски.

„Драг Венко, овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бecплатно БУШАВАТА АЗБУКА, едуkaтивна серија за деца во 31 епизода…Малку да помогнеме во пополнување на времето кога не се оди во школо. Ќе почне да игра од утре, прекуутре, два пати дневно. Срдечен поздрав и почит, Унко,“ напиша Унковски.

Серијата е од 1985 година, во продукција на МРТ, беше насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, цртан филм, актерска игра.

Серијата беше снимена со музика од „Леб и сол“ и Ана Костовска, а во неа играше врвна актерска екипа како Ненад Стојановски, Александар Чамински, Марин Бабиќ, Петар Арсовски, Ана Костовска, Софија Куновска, Кирил Ристески, Јовица Михајловски и Мими Таневска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This