дома Балкан Од утре се затварaaт сите ноќни клубови во Софија

Од утре се затварaaт сите ноќни клубови во Софија

Од утре сите ноќни клубови во главниот град на Бугарија ќе бидат зaтворени. Мерката ќе важи во следните две недели, објави градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова.

Одлуката доаѓа по состанокот со општинскиот штаб и врз основа на зголемените случаи на Ковид-19 и хоспитализираните пациенти во Софија, јави агенцијата БГНЕС.

Фандакова ги повика компаниите во Софија, доколку има можност, да им дозволат на своите вработени да работат онлајн. (МИА)