Околу 30 дoмoви yништeни вo шyмcки пoжap вo Австралија: Eдeн пoжapникap e хocпитaлизиpaн, ce тpaгa пo eвeнтyaлни жpтви..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шумскиот пожар кој зафати делови североисточно од Перт, во Западна Австралија, уништи околу 30 домови и се заканува да продолжи, додека локалното население во регионот тврди дека е предоцна за евакуирање.

Пожарот кој избувна вчера зафати земјиште со површина од над 7.000 хектари, во радиус од 75 километри, во близина на градот Вуролу, а погодени се неколку околни места.

Градоначалникот на Свон, Кевин Бејли изрази уверување дека во пожарот се уништени 30 домови, а еден пожарникар е хоспитализиран поради вдишување чад.

Властите во Западна Австралија тврдат дека површината која е зафатена од пожарот, двојно се зголемила во текот на ноќта, а пожарникарите трагаат по евентуални жртви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This