дома Македонија Оксфордски пpoфecoр: Имeтo дa им го вpaтите

Оксфордски пpoфecoр: Имeтo дa им го вpaтите

Коментирајќи ја пораката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, британскиот професор по балканска историја Џејмс Петифер бара

„Добро, но би можело да се каже и дека НАТО направи страшна грешка во периодот на администрацијата на Трамп со извршениот притисок за промена на името на Македонија и тоа треба да се врати назад сега“, коментира на Твитер професорот од Колеџот „Сент крос“ во Оксфорд.

Претходно Петифер, професор по балканска историја на колеџот Сент Крос од Оксфорд, повика на запирање на Преспански договор, кој предвидува преименување на македонската држава во С Македонија и цел пакет уставни промени поврзани со тоа.

„’Грчкиот министер за одбрана ги обвинува официјалните лица на ПЈРМ за поткопување на односите’ (Кathimerini). Го разбирам погледот на Каменос, но, имајќи ја предвид домашната публика на Димитров, Преспа е осудена на влошување на односите во пракса. Преспа треба да биде запрена“, напиша на својот профил на Twitter балканологот којшто малку пред тоа твитна:

„Среќен сум што сум потписник на ова писмо, кое дава добар, чувствителен став против Преспански ‘договор’, кое лондонски The Guardian одби да го печати“.