дома Македонија ОЛИВЕР СИ ОТИДЕ, АМА ПУСТ МЕРАК ПО „ПАСАТОТ“: Оливер си замина од...

ОЛИВЕР СИ ОТИДЕ, АМА ПУСТ МЕРАК ПО „ПАСАТОТ“: Оливер си замина од МВР, членовите на СДСМ од Куманово удрија на шега!

Денес заврши мандатот на техничката Влада, која согласно договорот од Пржино, за кој меѓународната и домашната јавност сметаат дека е нелегален и противуставен, требаше да има „рок на траење“ од 100 дена пред изборите, но благодарение на субверзивноста на СДСМ и странските поддржувачи, оваа влада остана на чело на државата речиси година и половина

Со завршувањето на мандатот на техничката Влада, завршија и мандатите на техничките министри Фросина Ременски и Оливер Спасовски. Како што е редот, се збогуваа со фотељите кои никогаш повеќе нема да ги видат, но Оливер имаше уникатен момент на носталгија кон полицискиот „Пасат“.

Овој драматичен момент на непребол по луксузниот Пасат ЦЦ Р32 со 320 коњски сили, кој се движи на даноците на граѓаните, беше овековечен благодарение на вработените со длабоко чувство на емпатија.

https://www.youtube.com/watch?v=330lqZQ3qiQ

 

Но, тешката разделба на Спасовски со привилегираната функција не завршува тука. Имено, од општинската организација во матичниот огранок на СДСМ од Куманово, Спасовски беше непријатно изненаден.

Членовите на СДСМ од Куманово се поиграа мајтап со Спасовски, алудирајќи на неговата тотална неспособност доследно да си ја врши фунцкијата, освен секако, кога станува збор за возење во луксузни автомобили.