дома Македонија ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПОНУДИЛ ОСТАВКА: Поради бегството на Груевски, министерот за внатрешни понудил...

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПОНУДИЛ ОСТАВКА: Поради бегството на Груевски, министерот за внатрешни понудил оставка – Заев ја одбил

Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче Веле открива дека министерот Оливер Спасовски разговарал со него за оставка, како чин на морална одговорност, по бегството на осудениот поранешен премиер Никола Груевски во Унгарија.

– Оливер Спасовски разговараше за тоа со мене. Како колега во Владата и мој долгогодишен соработник, секогаш сме разговарале што со моралниот чин во вакви околности. Бидејќи, ако има морална одговорност, треба да има аргументација за тоа, да се објасни, да се лоцира каде е моралниот хазард, проблем, пропуст… Јас не гледам таков пропуст. Но, ако се покаже дека имало одговорност – јас ќе барам таа да биде конкретно понесена – вели Заев.