Оливер Стоун прими руска вакцина „Спутник V“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трикратниот добитник на „Оскар“, американскиот режисер Оливер Стоун изјави дека пред неколку дена е вакциниран против коронавирус со руската вакцина на „Спутник V“.

„Ја примив вакцината пред неколку дена. Сé уште не знам колку е ефикасна руската вакцина, но слушнав многу позитивни реакции на неа. Ми претстои да се вакцинирам уште еднаш, ќе треба повторно да дојдам“, рече Стоун. 

„Не разбирам зошто ја игнорираат на Запад, печатот едноставно ги премолчува сите информации“, додаде Стоун за рускиот „Прв канал“.

„Америка во сето свое лудило ги смета Русија и Кина за непријателски земји, иако лично не мислам така. Верувам дека Русија и Кина би можеле да бдат одлични партнери за Америка. Би можеле заедно да ја градиме иднината. Проблемот е што ова не го разбираат сите“, додава Оливер Стоун.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This