April 24, 2024, 12:39 am

Омикрон наскоро ќе биде доминантнa варијанта на kopoнавирусот во Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Агенцијата за јавно здравје на Европската унија (ЕЦДЦ) денеска објави дека омикронската варијанта на коронавирусот, во рок од неколку месеци, би можела да биде одговорна за повеќе од половина од сите инфекции со Ковид-19 во Европа.

„Врз основа на математичкото моделирање спроведено од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), постојат индикации дека омикрон може да предизвика повеќе од половина од сите инфекции САРС-КоВ-2 во ЕУ/ЕЕА во следните неколку месеци“, соопшти ЕЦДЦ, пренесува Ројтерс.

Засега нема убедливи докази за преносливост на омикрон, но шефицата на Светската здравствена организација за ковида-19, Марија ван Керхове, наведува дека податоците за тоа се очекуваат за неколку дена, пренесува Танјуг.

Европа досега има регистрирано десетици инфекции со варијантата омикрон, која за прв пат беше откриена во Јужна Африка минатиот месец. Претходно денеска, главниот научен советник на француската влада Жан-Франсоа Делфрези изјави дека Омикрон би можел да го заземе местото на делтата до крајот на јануари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This