дома Македонија ОПШТИНАТА ГО ПРАВДА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Тој не направи грешка, во Прилеп нема споменик...

ОПШТИНАТА ГО ПРАВДА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Тој не направи грешка, во Прилеп нема споменик на Св.Климент па морал кај Ченто да положи цвеќе

По вчерашната објава на „Економски Лидер“, дека прилепскиот градоначалник Илија Јованоски го промашил споменикот, па за празникот наместо на Свети Климент Охридски, цвеќе положил на споменикот на Ченто, утринава во нашата редакција се јави вработен во Општина Прилеп кој ни објаснуваше дека не се работи за промашување или грешка – затоа што во Прилеп немало споменик од Свети Климент Охридски.

-Градоначалникот не направи никаква грешка. Во Прилеп нема споменик од св. Климент Охридски, токму затоа за празникот, цвеже беше положено на споменикот на Ченто – објаснува вработениот.

Сепак, загрижениот вработен немаше одговор на нашето прашање за тоа која е поврзаноста на Ченто со празникот св. Климент Охридски и зошто морало да се положува цвеќе?

Инаку, по повод патрониот празник на ООУ „Климент Охридски“, вчера делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски и од училиштето денеска положи свеќиња пред споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто и Могилата на непобедените.