дома Локално ОПШТИНАТА ПРЕД СТЕЧАЈ МЕРКО СЕ ЛУКСУЗИРА: Рамиз Мерко ќе набавува голема бела...

ОПШТИНАТА ПРЕД СТЕЧАЈ МЕРКО СЕ ЛУКСУЗИРА: Рамиз Мерко ќе набавува голема бела лимузина со парите на стружани

Во време кога Струга е еден од најзадолжените градови во земјава со долг од околу 7,5 милиони евра, градоначалникот Мерко ќе купува луксузна лимузина и 3 поскромни возила вредни близу 6 милиони денари или околу 100.000 евра општински пари.

На интернет страната за набавки, тој бара лимузината да биде исклучиво бела, да има кожен волан со аудио команди, сензори за дожд, автоматско затемнување на внатрешниот ретровизор, алимуинумски тркала, навигационен систем, со нагласување – седиштата да бидат целосно или делумно кожни.

Дополнително се бара автомобилот да има можност за безжично поврзување со мобилен, автоматска парткинг сопирачка , автоматски клима уред, лед предни светла и електронска програма за стабилизација, автоматски менувач, а моќноста да и биде 149 киловати. Без посебен опис освен “За потребите на општина Струга”, се бараат и три други послаби возила со пет врати.