April 17, 2024, 12:18 am

Општина Кисела Вода подели 400 вреќи со сол во училиштата, градинките и во месните заедници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради ниските температури и најновите прогнози за временските услови според кои постои можност и за првиот снег во Скопје, Општина Кисела Вода информира дека ги изврши сите подготовки за справување со евентуалните снежни наноси и замрзнати јавни површини.

Од Општината информираат дека обезбедени се 17.5 тони сол, а во текот на денешниот ден беа поделени околу 400 вреќи со сол по сите основни училишта, градинки, како и во месните и урбани заедници.

-Со цел да овозможи непречено движење на пешаците и одвивање на сообраќајот во зимски услови, по претходно спроведена јавна набавка, обезбедена е фирма која на терен ќе интервенира со возила специјализирани за чистење на снег од улиците. Дополнително, на располагање стојат и неколку општински трактори со кои ќе се чисти снегот на тесните улици, патеки и тротоари, се вели во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This