Општина Чаир додели 9.500 имотни листови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денеска се сретна со жители на различни населби од Чаир, на кои им ги додели долгоочекуваните имотни листови, со што станаа сопстевници на нивните домови, соопштуваат од ДУИ.

По доделувањето на имотните листови, градоначалникот Ганиу информираше дека Општина Чаир до денес примила 12.000 барања за имотни листови, од кои 9.500 веќе добиле, цифра со која „Општина Чаир им претходи на сите општини во делот на решени барања за нови имотни листови и регистрација на имот“.

Општина Чаир успеа да обработи и имплементира над 80% од овие барања и како таква, се смета за рекордер во оваа област, рече Ганиу.

Правото на приватна сопственост и домување, рече Ганиу, го сметаме за елементарно право на демократијата и државата, и како такви сме прваци во остварувањето на ова индивидуално и семејно право.

Општината Чаир им обезбеди на 9.500 семејства документи за сопственост преку регулирање на станбениот статус на овие семејства и решавање на овие витални проблеми. Во новиот мандат, процесот на легализација и сопственост на имот ќе биде проблем кој ќе се смета за минато, рече градоначалникот на Чаир и кандидат за оваа задача во следните четири години, Висар Ганиу.

Сето ова достигнување беше овозможено со Законот за легализација, кој создаде можности за огромното мнозинство жители на Чаир да добијат имотни листови за нивните домови, од кои, некои изградени пред повеќе децении, изјави Ганиу, заблагодарувајќи се на Секторот за урбанизам на општината за ефикасната работа во текот на сиве овие години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This