дома Локално ОПШТИНСКИОТ ЏИП МУ ГО „ШИТНАЛ“ НА ДРУГАРЧЕ: Нов „Ауди Q7“ на општин...

ОПШТИНСКИОТ ЏИП МУ ГО „ШИТНАЛ“ НА ДРУГАРЧЕ: Нов „Ауди Q7“ на општин Карпош продаден за 14.000 евра

Наместо да купи нешто ново, градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев го продал општинското возило наменето за транспорт на градоначалникот и раководителите на секторите, по багателна цена

 

 

Како што дознаваме, џипот „Ауди Q7“ е продаден за 14.000 евра на лицето Владимир Николовски, близок до владејачката партија и градоначалникот на Карпош. Возилото, од извори во општината дознаваме дека имало поминато околу 150.000 километри, било редовно сервисирано согласно сервисниот календар, е со „фул“ опрема и е дизел. Истото е произведено во 2011. година.

Кратка компаративна анализа од авто-пазарите во соседните земји, но и земјите од Европа покажуваат дека вакво возило со овие карактеристики не се продава за цени под 16.000 евра, и тоа пред увозните давачки – царина, акциза и ДДВ.

Ова е уште еден пример за расипништвото на општина Карпош, каде градоначалникот преку нетранспарентни постапки парите на граѓаните ги доделува на негови блиски пријатели и роднини.

Имено, процедурата за продажба на возилото била спроведена по трет пат, а на лицитацијата не биле повикани останати наддавачи за да се крене цената на возилото, па така како единствен се јавил Николовски, кој за 890.000 денари го купил џипот.