дома Балкан Опaceн прeдизвиk меѓу тинејџерите: Млaдите од Копер скокаат пред воз

Опaceн прeдизвиk меѓу тинејџерите: Млaдите од Копер скокаат пред воз

Неколку тинејџери од Копер го прославија крајот на учебната година со игра на предизвици, во кои скокнаа на шините пред возот што се приближуваше, пренесува танјуг.

Полицијата успеа да ги идентификува, и предупреди дека нивното однесување не само што ги загрозило нивните животи, туку и влијаело на движењето на возниот ред на најмалку една железничка линија, бидејќи возот морал нагло да закочи, пренесува порталот 24УР.

Сите малолетни лица се предадени на Инспекторатот за патишта, железници, жичари и скијачки центри, кои против нив ќе преземат соодветни мерки под сомнение за кршење на Законот за безбедност на железницата.