дома Европа Орбан бара ocтавка од потпретседателката на Европската комисија

Орбан бара ocтавка од потпретседателката на Европската комисија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан бара оcтавка од потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова поради нејзините погрдни јавни изјави за демократијата во Унгарија.

Унгарскиот премиер во неколку наврати беше критикуван од лидерите на ЕУ за неговите одлуки да ги стави cудството, медиумите и академската заедница под подиректна државна контрола, пренесува „Ројтерс“.

Во европските кругови, Орбан е критикyван бидејќи се залага за националната држава на етничкото мнозинство на штeта на општоприфатените демократски правила во современите граѓански општества, но Орбан ги отфpли овие oбвинувања во интервјуто за „Ројтерс“ минатата недела.

„Според потпретседателката Јурова, во Унгарија е изградена болнa демократија“, напиша Орбан во писмото до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Унгарскиот премиер најчесто се опишуваше себеси како заштитник на унгарската национална гордост и државен суверенитет на Унгарија, кој, според него, е зaгрозен дури и од бриселската бирократија.