дома Балкан Орбан во посета на Србија

Орбан во посета на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се сретна со премиерот на Унгарија Виктор Орбан кој е во посета на Белград, пренесува Блиц.

По разговорите на двата лидери, ќе се одржи пленарната седница на делегациите на Србија и Унгарија, на кои ќе присуствуваат и двајцата, а потоа тие ќе одржат заеднички прес за медиумите.

Делегацијата на Унгарија, предводена од Орбан, сабајлево пристигна во Белград, на аеродромот Никола Тесла, каде беа пречекани од Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ.