Орбан со поддршка за потегот на Полска кој ја pаздрма Европската Унија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан потпиша резолуција со која се поздравува одлуката на полскиот Уставен суд, со која се оспорува приматот на правото на Европската унија пред националните закони и ги обвини институциите на ЕУ дека премногу ги прошируваат своите овластувања.
Во резолуцијата, унгарската влада ги повикува институциите на ЕУ да го почитуваат суверенитетот на земјите од европскиот блок, изјави портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси за унгарската агенција МТИ.
Унгарската резолуција посочува дека лошата практика на институциите на ЕУ, која го занемарува принципот на делегирање овластување, го натера полскиот суд да го разгледа прашањето за правен приоритет.
„Приматот на правото на ЕУ треба да се применува само во области каде што ЕУ има надлежност и рамката за такво нешто е одредена во договорите за основање спогодби“, се наведува во унгарскиот документ.
Објавувањето на унгарската позиција дојде по заедничката изјава на германскиот и францускиот министер за надворешни работи, кои рекоа дека Полска има морална и правна обврска да ги почитува законите на Европската унија, во кои се наоѓа од 2004 година, според АП.

„Членството во ЕУ доаѓа со целосна и неограничена посветеност на заедничките вредности и правила“, рече францускиот министер Жан-Ив Ле Дриан во петокот вечерта.
Тој додаде дека почитувањето и придржување на мерките мора да важат за секоја членка, а тоа важи и за Полска.
„Тоа не е само морална обврска, туку и правна“, рекоа министрите, како одговор на одлуката на полскиот Уставен суд, пренесе Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This