дома Балкан ОРБАН СО ПОФАЛБА ЗА СРБИЈА: Развиваме извонредна економска соработка!

ОРБАН СО ПОФАЛБА ЗА СРБИЈА: Развиваме извонредна економска соработка!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денес Унгарија развила извонредна економска соработка со Србија и Словачка, пренесува МТИ.

Орбан ова го порача на церемонијата за отварање на фабриката за производство на сточна храна „УБМ фид Ромејнија“.

Унгарскиот премиер исто така додаде дека неговата земја работи на продлабочување на соработката со централна Европа нагласувајќи дека сите соработници со Унгарија ќе имаат корист од соработката.

Орбан вчера во романскиот град Сибиу присуствуваше на неформалниот самот на лидерите на Европската Унија, пренесува Танјуг.