дома Европа Орбан: Boвeдyвaњeтo кapaнтин би бил нeкopeктeн пoтeг кoн вeќe вakциниpaнитe

Орбан: Boвeдyвaњeтo кapaнтин би бил нeкopeктeн пoтeг кoн вeќe вakциниpaнитe

Во денешната изјава, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан истакна дека воведувањето на нов карантин поради коронавирусот, бил бил сосема некоректен потег кон веќе вакцинираните граѓани. Но, дополни, дека доколку се вметнат некои нови рестрикции, ковид-сертификатот би имал голема улога.

Генерална констатација за населението на Унгарија е дека, Унгарците не сакаат Владата да им се меша во личните прашања. Согласно изјавите на Орбан, „Влата го сфатила ова“.

Па, во својата изјава додаде дека постоел отпор вакцинацијата да биде задолжителна,затоа најдобрата одлука која можеле да ја донесат е задолжителна вакцинација на здравствените работници, а вработените во приватниот сектор да се охрабруваат од своите вакцинирани колеги.