дома Европа Орбан ja тpece ЕУ: Ќe фopмиpa мoќeн cojyз кoj ќe бидe тpн...

Орбан ja тpece ЕУ: Ќe фopмиpa мoќeн cojyз кoj ќe бидe тpн вo oкo нa мнoгyминa

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека наскоро ќе разговара со десничарски политичари во Полска и Италија со цел формирање на нова политичка сила во Европската унија (ЕУ).

Во интервју за унгарското радио, Орбан рече дека е во контакт со премиерот на Полска, Матеуш Моравиецки и поранешниот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салвини, чии партии се идеолошки блиски до Фидес, партијата на унгарскиот премиер.

Полска, Италија и Унгарија ќе се обидат да ја реорганизираат европската десница, а ние наскоро ќе разговараме и ќе ја планираме иднината, рече унгарскиот премиер.

Изјавата на унгарскиот премиер доаѓа еден ден откако неговата партија објави дека официјално ја напушта Европската народна партија (ЕПП).

Многу членови на ЕПП претходно водеа кампања за протерување на Фидес заради неговите антиевропски ставови и потези, кои беа оценети како кршење на основните европски вредности.

Фидес се повлече од парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент на почетокот на март, осудувајќи го усвојувањето на реформата на статутот на таа политичка група. Измените и дополнувањата на овие внатрешни правила треба да овозможат суспензија или исклучување на целата национална делегација од парламентарната група на ЕПП, а веќе не само на одделни членови.

Фидес и Орбан беа големи поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Македонската опозиција добиваше голема финансиска помош од Будимпешта. Ќе видиме како оваа излегување на Орбан и Фидер од ЕПП ќе се одрази на односите со ВМРО-ДПМНЕ.