дома Македонија ОРВЕЛОВА МАКЕДОНИЈА: Кривична пријава за жител на Коњари зошто ги критикувал пратениците!

ОРВЕЛОВА МАКЕДОНИЈА: Кривична пријава за жител на Коњари зошто ги критикувал пратениците!

Заканувачот од Фејсбук кој преку споделена објава на социјалната мрежа предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието на Република Македонија ќе заработи кривична пријава.

Од МВР соопштија дека СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против А.Н. (38) од Коњари, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија.

По издадена наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, вчера е извршен претрес на домот и други простории на А.Н. при што се пронајдени и одземени предмети во интерес на истрагата, а А.Н. е повикан на службен разговор во полициска станица.