дома Политика ОРГАНИЗИРАНО БЕГСТВО ОД ИДРИЗОВО: Четири затвореници пуштени на слобода за да извршуваат...

ОРГАНИЗИРАНО БЕГСТВО ОД ИДРИЗОВО: Четири затвореници пуштени на слобода за да извршуваат валкани работи на изборите во корист на Зоран Заев!?

Јавноста деновиве беше многу заинтересирана за една тема која власта сакаше да ја заташка и да не биде воопшто во фокусот на вниманието: обидот за бегство од затворот во Идризово кој веројатно не остана само на обид, туку навистина неколку затвореници избегаа од казнено-поправниот дом – пренесува порталот Журнал.нет
Неофицијално, станува збор за четворица затвореници за тешки кривични дела за кои било договорено да избегаат, со помош на криминалци на кои Заев им продавал снимени разговори, а за сметка на тоа тие треба да ослободуваат терористи и тешки криминалци кои ќе му се на располагање на Заев за локалните избори.
Бандитската група која добива разговори од Заев потоа рекетира политичари и бизнисмени за што добива дебели пари, па токму поради тоа се сложила да учествува во ова сценарио на Заев за фалсификат и кражба на локалните избори во Македонија.
Во официјалната верзија на настаните, во женското оделение во Идризово биле забележани 2 маскирани лица после што затвореничките започнале да викаат. По некое време пристигнале полициските сили кои направиле обиколка но – се вели во информацијата – не пронашле никого.
Првото прашање кое секој ќе си го постави е како е можно лица со маскирни капи да влезат воопшто во затворот во Идризово.
Според неофицијалните извори, кога се приближила до затворот бандистката група, чуварите најпрво изреагирале по службена должност и се обиделе да ги запрат, после што едниот од нив го покажал пиштолот на ремен и на нечист македонски едниот од нив им рекол: „Што се чудите бе кога знаеш и ти и ти дека е договорено“. Снимките од целата операција биле избришани, дознаваме од извори од затворот.
Маскираните лица биле дел од поголема група која била пуштена слободно да влезе во затворот и да ослободи неколку затвореници на кои од страна на Зоран Заев во кампањата за парламентарните избори им беше ветувано дека ќе завршат на слобода
Тоа го сведочат и коментарите на затвореници на фејсбук неколку дена пред настаните, кои прашуваа јавно кога ќе биде исполнето ветувањето од Заев дека ќе ги ослободи од затвор и оние за тешки криминални дела. Се обиде да ги смирува криминалецот и пријател на Заев, Захир Бекири Чауш, ветувајќи им дека наскоро Заев ќе ги ослободи сите:

Чауш е во затвор поради фалсификување пасоши и лични карти по барање на Заев и СДСМ со цел да бидат искористени против ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги дека се печателе лични карти за да се фалсификуваат изборите во 2014 година кои Заев убедливо ги загуби. Шемата во која учествуваа и медиуми како Фокус беше пробиена, но во затвор, засега, заврши само Чауш.

 

Сега повторно со помош на криминална мрежа Заев ќе се обиде да фалсификува не приказна за избори, туку – самите избори. Сепак, проценките на аналитичарите, анкетарите и експертите говорат дека и покрај овој обид за кражба на 40.000 гласови колку што во СДСМ процениле дека ќе успеат да фалсификуваат, сепак Заев ќе ги загуби локалните избори и тоа убедливо.

 

Извор:
Журнал.нет