ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА ЗА НАТО: Во Бродско, Крапа ќе се произведува оружје и муниција за НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американска компанија од наменската индустрија во близина на селото Крапа, Бродско, ќе гради фабрика за производство на оружје и муниција. Фабриката ќе се гради во две фази, најпрво ќе биде изградена помала фабрика за производство на муниција, за потоа да биде изградена и поголемата фабрика за производство на оружје. За оваа намена, американската компанија како единствен понудувач пред два дена купи 100.000 квадратни метри земјиште во атарот на селото Крапа, на 1,5 км од регионалниот пар Брод – Прилеп.

municija

– На вчерашното јавно наддавање американска компанија за производство на оружје и муниција, како единствен понудувач, во атарот на селото Крапа во месноста Полце купи 100.000 квадратни метри земјиште, каде што наскоро ќе почне изградбата на фабриката за муниција во која се очекува вработување да најдат 200 невработени лица. Истата таа ќе се протега на површина од 2.000 квадратни метри, а целокупното производство ќе биде наменето за НАТО. Нашата општина се потруди навремено да ја урбанизира оваа парцела и до 5 декември ќе биде издадена дозвола за градба за потребите на американската фабрика, која според зборовите на нејзините менаџери што вчера престојуваа во Македонски Брод, ќе биде завршена до почетокот на летото – најави бродскиот градоначалник Милосим Војнески.

Во втората фаза на оваа парцела ќе биде изградена и фабрика за оружје, исто така за потребите на НАТО.
– Покрај изградбата на фабриката за муниција, на истиот локалитет во втората фаза ќе се изгради и фабрика за производство на оружје за потребите на НАТО. Втората фабрика ќе биде нешто поголема и се очекува да вработи нови 400 невработени лица. Оваа инвестиција ќе значи и преродба за нашата општина, каде што покрај парите од продажбата на парцелата во износ од 7,5 милиони денари, работно ќе бидат ангажирани 600 невработени лица, со што во значителна мера ќе се намали невработеноста во општината, а со тоа и миграцијата на жителите од овој крај. Новата фабрика ќе биде на само 1,5 км од превојот Барбарас – додаде првиот човек на бродската администрација.
Инаку американската компанија е од Њујорк.

З.А.
Нова Македонија

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This