Познатиот македонски тајкун Орце Камчев, кој важеше за близок до претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и беше сопственик на поранешната медиумска империја „Медиа Принт Македонија – МПМ“, за „Фактор“ изјави дека тој го поддржува Договорот од Преспа и лично се залагал да помине референдумот.
Камчев додаде дека референдумот мора да биде успешен.
Јас лично ќе се залагам да пројде тој референдум, изјави Камчев.
Во интервјуто, познатиот тајкун изјави дека повеќе не е близок со Сашо Мијалков.
Точно е дека бевме пријатели, повеќе не сме пријатели, а причините се различни во однос на тоа што се шпекулациите, но тоа останува меѓу нас двајцата, изјави Камчев.