дома Балкан Османи бара помош од Турција за признание на Косово и членство во...

Османи бара помош од Турција за признание на Косово и членство во меѓународни организации

За време на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателот на Приштина, Вјоса Османи, побара поддршка од Турција за стекнување признание и членство во меѓународни организации.

Во интервју за новинската агенција Анадолија, на маргините на состанокот што заврши во неделата, таа прецизира дека поддршката не се однесува само на гласањето, туку и на „лобирање кон Турција во корист на признавање и членство на Косово“.

Таа најави дека Приштина ќе биде во контакт со турските институции, со цел да се осигури дека сите нејзини напори на меѓународно ниво добиваат силна поддршка од Турција.
„Тоа е исклучително важно не само за нашиот просперитет и развој, туку и за долгорочен мир и стабилност во регионот“, рече Османи.